Европската централна банка ги зголеми каматните стапки десетти пат по ред- eврото падна

38

Европската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки за 25 базични поени на рекордни четири отсто и соопшти дека таквиот потег ќе даде „значаен придонес“ за ставање под контрола на инфлацијата.

Управниот совет одлучи да ги зголеми трите клучни каматни стапки на ЕЦБ за 25 базични поени и соодветно каматната стапка на главните операции за рефинансирање и каматните стапки на маргиналната кредитна линија и депозитната линија ќе се зголемат на 4,50 отсто, 4,75 отсто и 4,00 проценти, соодветно, од 20 септември 2023 година.

Централната банка објави дека ќе ги постави трошоците за задолжување на „доволно рестриктивни нивоа колку што е потребно“.

Еврото падна на најниско ниво во последните три месеци во четвртокот, откако Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки на рекордно високо ниво, но сигнализираше дека овој потег може да биде последен во нејзината кампања за затегнување на монетарната политика.

Еврото загуби 0,6 отсто во однос на доларот за да се тргува за 1,0660 долари, откако креаторите на политиката на ЕЦБ ја објавија својата одлука да ги зголемат каматните стапки за четвртина процентен поен на рекордни 4 отсто, како што очекуваа повеќето инвеститори.