Европската унија лани увезе високотехнолошки производи за 482 милијарди евра, најмногу од Кина

61

Во 2022 година Европската унија увезла високотехнолошки производи во вредност од 482 милијарди евра, а увозот на овој вид стоки е зголемен за 22 отсто во однос на 2021 година, објави денеска Евростат.

Извозот на високотехнолошки производи во земји надвор од ЕУ, исто така, е зголемен во однос на 2021 година, за 16 отсто, на 446 милијарди евра.

ЕУ лани увезла најмногу високотехнолошки производи од Кина, во вредност од 183 милијарди евра, а уделот на увозот на високотехнолошки производи од оваа земја е 38 отсто.
На второ место се САД со учество од 19 отсто, а вредноста на увозот е 91 милијарда евра.
Значајни извозници во ЕУ беа Швајцарија – удел од 6 отсто, вредност на увозот 30 милијарди евра, Тајван – учество од 5 отсто, увозна вредност од 23 милијарди евра, како и Велика Британија и Виетнам со учество од 4 отсто.
Во 2022 година ЕУ увезла најмногу високотехнолошки производи од категоријата електроника и телекомуникации, во вредност од 202 милијарди евра.

Бројките покажуваат дека ЕУ извезла повеќе високотехнолошки производи во САД – извозен удел од 26 отсто, во вредност од 118 милијарди евра.
Второто место го зазема Кина, со учество од 12 отсто, во која се извезени стоки за 53 милијарди евра.