Европската унија го издвои досега најголемиот вселенски буџет за периодот од 2021 до 2027 година. Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон официјално започна нова вселенска програма на ЕУ во вредност од скоро 15 милијарди евра.
“Европа има се што е потребно за да остане глобална вселенска сила. Имаме таленти, индустриски капацитети и технолошко лидерство. Имаме искуство со амбициозни вселенски мисии и програми од светска класа, како што се Copernicus и Galileo. Можеме да се потпреме на совршеноста и стручноста на нашата вселенска агенција ЕСА и сме во центарот на најдобрите научни проекти “, рече Бретон на презентацијата на програмата.
Во последните 20 години, ЕСА (Европска вселенска агенција) ги разви системите Copernicus, Galileo и EGNOS.
Фото: Freepik












