Европската унија увезува 98 отсто од соларните панели од Кина

35

Иако еден од темелите на зелената транзиција во Европа, покрај ефектите врз животната средина, е и политички – а тоа е помалата енергетска зависност од Кина, кога се во прашање соларните панели, 98 отсто од увозот доаѓа од оваа земја, која е речиси најнаселената земја во светот.

Станува збор за податоците од порталот Еуростат кој се занимава со статистика на Европската унија. Како што наведуваат, само во 2023 година ЕУ увезла панели во вредност од 19,7 милијарди евра.

Иако е огромна бројка, но и процентуално, всушност е намалување кога се во прашање парите, а зголемување кога станува збор за бројот на панели (5%). Така, во 2022 година увозот изнесувал 22,6 милијарди евра.

Како што се наведува во обемниот документ „Иднината на европската конкурентност“, вредноста на увозот во ЕУ почна да расте откако во 2018 година беа укинати царините за кинеските производи кои беа во сила од 2013 година.

Меѓународната асоцијација за енергија (ИЕА) проценува дека трошоците за производство на соларни фотоволтаични модули/панели во Кина се околу 35-65% поевтини од оние во ЕУ. Се проценува дека трошоците за производство за интегрирани ќелии и модули во ЕУ се меѓу 70 и 105% повисоки отколку во Кина.

Дополнително, беше заклучено дека трошоците за капитални расходи се три пати повисоки отколку во ЕУ. Капиталните расходи се средства што компанијата ги користи за стекнување, надградба и одржување на физички средства, како што се имот, постројки, згради, технологија или опрема.

Во исто време, ЕУ извезе соларни панели во вредност од 0,9 милијарди евра, најмногу во Швајцарија и Велика Британија – по 28 проценти. Оваа листа ја вклучува и Србија, како и  Македонија. ЕУ извезува три проценти од соларните панели во Србија, четири проценти во Македонија, исто толку оди во Норвешка и Турција.

Тука се и САД со 10 проценти. Извозот на соларни панели пораснал за 19 отсто во вредност и за 37 отсто во обем.

Во ЕУ, тие заклучуваат дека и покрај достапноста на поевтини соларни панели и поддршката на законодавната рамка на ЕУ, се појавија пречки во ограничениот пристап до мрежата на корисници.