
Европскиот парламент и Советот на Европската унија гласаа за воведување такси за обработка на мали пакети што пристигнуваат од земји надвор од ЕУ, почнувајќи од 1 јули.
Како што објави „Тајмс оф Малта“, ова значи дека ако некој купи производ од продавач надвор од ЕУ, ќе мора да плати дополнителна царинска такса од три евра плус ДДВ.
Ако купи три различни производи, на пример панталони, здолниште и фустан, тие ќе се третираат како три различни артикли со посебни тарифни класификации и секој ќе има своја царинска давачка од три евра, што значи дополнителни девет евра давачка, плус ДДВ.












