Во 2023 година, Европската унија забележа вкупно 2,9 милијарди ноќевања во туристичко сместувачки капацитети, во споредба со 2,8 милијарди во 2022 година. Речиси 1,6 милијарди ноќевања оствариле домашни туристи, а близу 1,4 милијарди странски гости, покажуваат податоците на Евростат, Европската статистичка служба.
Помеѓу 2022 и 2023 година, уделот на ноќевања на меѓународни гости од региони надвор од Европа се зголеми од 12,6 на 15,6 проценти. Во апсолутни бројки, ноќевањата на неевропејци се зголемиле за 60 милиони, односно дополнителни 164.000 странски гости во просек секоја вечер во годината.
Во 2023 година, 7,1 отсто од меѓународните ноќевања во сместувачките капацитети во Европската унија биле направени од туристи од Северна Америка, додека гостите од Азија претставувале 4,6 отсто, Централна и Јужна Америка 2,2 отсто, Океанија еден отсто и Африка 0,7 отсто, според Евростат.
Туристите од другите земји на Европската унија учествуваат со 62,4 отсто од вкупните ноќевања на меѓународните гости, додека ноќевањата на туристите од другите европски земји отпаѓаат на 21,4 отсто.
Се проценува дека ЕУ имала вкупно 29,2 милиони кревети во 2023 година, во споредба со 28,9 милиони во 2022 година.
Италија и Франција сочинуваат нешто повеќе од една третина од вкупниот расположлив капацитет. Италија имала 5,2 милиони или 18 отсто, додека Франција имала 5,1 милиони или 17 отсто легла. Следат Шпанија и Германија со 3,8 милиони и 3,4 милиони соодветно, што сочинува 13 отсто од креветите.
Во 2023 година во сместувачките капацитети на крајбрежјето се реализирани 1,4 милијарди ноќевања, што сочинува 48 отсто од учеството, покажуваат податоците на Евростат.
Ноќевања во туристичко сместување, меѓу земјите од ЕУ со крајбрежни области, се реализираа во објекти на крајбрежјето во Малта, Кипар и Грција. За разлика од нив, Белгија, Романија, Германија и Словенија имаа најмал број на ноќевања на туристи во сместувачките капацитети во крајбрежните области.