Француската компанија Тотал и швајцарската Етрион објавија дека во Чиле ќе ја градат најголемата соларна електроцентрала во светот. Трошоците за овој проект под име Салвадор се проценуваат на околу 200 милиони долари.
Оваа фотонска електроцентрала ќе зазема површина од 133 хектари, а годишното производство ќе биде околу 200 гигават часови.
Швајцарскиот Етрион, специјализиран за соларна енергија, ќе има 70% удел во капиталот, Тотал 20%, а 10% чилеанската Солвентус Енерхиас Реноваблес (Solventus Energias Renovables).
Изградбата на централата би требало да започне кон крајот на следната година, а почетокот на експлоатацијата е планиран за првиот квартал од 2015 година.