Европски телекоми против Нетфликс и Гугл: Ја користат инфраструктурата и речиси ништо не плаќаат

89

Најголемите европски телекомуникациски компании ја повикуваат Европската унија (ЕУ) да ги принуди големите компании како Нетфликс и Гугл да платат „фер“ придонес за користење на нивните мрежи.

Имено, тие се убедени дека овие технолошки компании „најмногу имаат корист“ од нивната инфраструктура.

Отвореното писмо што ќе биде испратено до Европската комисија и до претставниците во Европскиот парламент го потпишаа директорите на 20 телекомуникациски групи.

„Идните инвестиции се под сериозен притисок и потребни се регулаторни мерки. Правечниот и сразмерен придонес на најголемите генератори на сообраќај кон трошоците на мрежната инфраструктура треба да биде основата на новиот пристап“, предупредуваат во писмото.

Тие се убедени дека регулаторите мора да преземат мерки за да овозможат идни инвестиции, а телекомуникациските групи се тие кои издвојуваат милијарди за поддршка на воведувањето на 5G мрежите. Затоа, тие предложија различен механизам за плаќање „може да постави барања за најголемите генератори на сообраќај со фокус на отчетноста и транспарентноста на придонесите, така што операторите директно инвестираат во европската дигитална инфраструктура“, пренесува Инвеститор.ме.

Проблемот, тврдат тие, е што технолошките компании речиси ништо не плаќаат за пренос на податоци на нивните мрежи. И во јуни, Европскиот парламент „повика за воспоставување политичка рамка во која големите производители на сообраќај правично придонесуваат за соодветно финансирање на телекомуникациските мрежи без да се нарушува неутралноста на мрежата“.