Европски земји кои ги отвораат граници за оние кои примиле вакцина

35

Некои европски земји ги олеснија правилата за оние кои имаат доказ дека ги примиле обете дози на вакцината.

Полска

Полска го укина карантинот за патниците кои ги примиле обете дози на вакцина против коронавирус, така што ќе им биде многу полесно на посетителите што патуваат од странство и кои имаат доказ за вакцинација да влезат и да останат во земјата. Оние кои имаат негативен тест за коронавирус 48 часа пред да ја преминат границата, исто така можат да ги заобиколат ограничувањата.

Од први февруари, 10 дена самоизолација и тестирање на коронавирус не се задолжителни за лица кои прележале Ковид-19 и не поминале повеќе од шест месеци лекување, како и за оние кои биле вакцинирани соопшти полското министерство за надворешни работи.

Естонија е последната земја што нуди олеснување за патници кои се опоравиле од болеста или биле вакцинирани. Карантинот за останатите патници од странство, освен за некои земји со низок ризик (Бугарија, Финска, Грција, Исланд и Норвешка), трае десет дена.

Грузија

Од рви февруари, вакцинираните посетители можат да влезат во Грузија, сè што треба да сторат е да покажат документ што го докажува тоа на граница. Грузија е првата земја што целосно ги отстрани ограничувањата за влез на вакцинирани патници – без тестирање пред поаѓање, без тестирање по пристигнувањето и без карантин.

Романија

Романија исто така објави дека патниците кои ги примиле двете дози на вакцина за коронавирус нема да мора да бидат ставени во карантин по пристигнувањето. Ова ги вклучува патниците кои доаѓаат од земји со висок епидемиолошки ризик.

Исланд

Според исландските власти, сите оние кои имаат важечки меѓународен сертификат за вакцинација се ослободени од барањата за тестирање и карантин.