Европскиот парламент ја поддржа забраната за продажба на бензин и дизел возила од 2035 година

253

Европратениците вчера  гласаа за ефективна забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили во ЕУ од 2035 година, како дел од широкиот пакет мерки за борба против климатските промени.

Европратениците го поддржаа предлогот на Европската комисија до 2035 година да се воведе намалување на емисиите на CO2 од новите автомобили за 100 отсто, со што ќе се стави крај на продажбата на возила со фосилни горива, пишува Ројтерс.

Законот сè уште не е конечен, но со вчерашното гласање се потврдува ставот на парламентот пред претстојните преговори со земјите од ЕУ за финалниот закон.