
Цените на куќите, мерени со истоимениот индекс, во четвртиот квартал од 2024 година се зголемени за 4,2 отсто во еврозоната и за 4,9 отсто во Европската унија, во однос на истиот период од претходната година.
Во третиот квартал од оваа година растот е 2,7 отсто во еврозоната и 3,9 отсто во ЕУ, покажуваат податоците на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија.
Во однос на третиот квартал годинава, цените на куќите во четвртиот квартал пораснале за 0,6 отсто во еврозоната и за 0,8 отсто во ЕУ.
Од земјите-членки за кои се достапни податоци, две забележаа годишен пад на цените на куќите во четвртиот квартал од 2024 година, додека дури 24 забележаа пораст. Пад на цените е забележан во Франција и Финска (двете -1,9 отсто), додека најголем годишен раст има Бугарија (18,3 отсто), Унгарија (13 отсто) и Португалија (11,6 отсто).
Во споредба со претходниот квартал, цените паднаа во шест земји-членки, останаа стабилни во две (Малта и Финска), а пораснаа во осумнаесет. Најголем квартален пад е забележан во Франција, Кипар (-1 отсто) и Естонија (-0,7 отсто), додека најголеми зголемувања има во Словачка (3,6 отсто), Словенија (3,1 отсто) и Португалија (3,0 отсто).
Фото: Pixabay