Европските акции паднаа по очекуваната пониска октомвриска стапка на инфлација во еврозоната

Акциите на европските берзи го завршијавчерашното тргување со пад, откако инвеститорите реагираа на очекуваната пониска инфлација во Еврозоната.

Паневропскиот STOXX 600 падна за 0,5 проценти, франкфуртскиот DAX за 0,8 проценти, францускиот CAC 40 за 0,4 проценти, а британскиот FTSE 100 порасна за околу 0,1 процент, објави CNN.

Се очекува годишната инфлација во Еврозоната да изнесува 2,1 процент во октомври, што е намалување од 2,2 проценти во септември и приближување кон целта на Европската централна банка од два проценти.