Европските акции во зелено по рекордите на Nasdaq: Брент падна под 100 долари за барел

Европските акции денес пораснаа, поттикнати од порастот на американскиот технолошки индекс Nasdaq на рекордни нивоа, додека цената на нафтата од типот Брент падна под 100 долари за барел по зголемувањето на извозот на сурова нафта од Блискиот Исток и најавата на Групата седум (G7) за зголемување на залихите.

Според податоците во 9:30 часот наутро, цената на нафтата од типот Брент падна за 0,77 проценти на 99,542 долари за барел, а на нафтата од типот WTI за 1,14 проценти на 88,352 долари.

По послабите податоци за вработеноста во Соединетите Американски Држави, пазарите проценуваат дека веројатноста Федералните резерви да ги зголемат каматните стапки во октомври е само 24 проценти, додека само пред една недела беше дури 70 проценти.