Европските берзански индекси ја започнуваат неделата со добивки, поскапување на нафтата и златото

Европските берзански индекси ја започнаа новата трговска недела со раст, придружен со скок на цената на нафтата и златото.

Пазарите ги чекаат прелиминарните податоци за економската активност во производниот и услужниот сектор на еврозоната, Германија, Франција и Обединетото Кралство, изразени во индексот PMI, кои ќе понудат увид во економската состојба во Европа, пренесува CNBC.

Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот порасна на 23.085,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.692,25 поени, францускиот CAC 40 на 8.107,52 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.187,92 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 41.985,35 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.667,56 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.784,05 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта се искачи на 68.440 долари, а на нафтата од типот брент на 72.308 долари.

Европските фјучерси на гас за април на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 42,625 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 3.024,45 долари за унца, а на пченицата падна на 5,5459 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,08399, што е нешто повисоко од петокот.