Европските берзански индекси претежно паѓаат, цените на златото и пченицата растат на пазарите

Европските берзански индекси денеска бележат претежно пад, американските индекси во пораст, додека цените на златото и пченицата истовремено пораснаа.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот падна на 21.425,08 поени, францускиот CAC 40 на 7.895,58 поени, московскиот MOEX на 2.893,06 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.571,39 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 44.556,04 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 6.037,88 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 19.654,02 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта паднала на 72.467 долари, а на нафтата од типот брент на 75.799 долари.

Европските фјучерси на гас за март се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 52.150 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2864,99 долари за унца, а на пченицата на 5,8079 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03932, што е приближно исто како во вторникот, пренесува Танјуг.