
Европските берзански индекси се во пораст четврти ден по ред, цените на нафтата и златото паднаа, додека пазарите ја чекаат одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за каматните стапки, која ќе биде објавена во 14:15 часот.
Инвеститорите генерално прогнозираат дека ЕЦБ ќе ги задржи каматните стапки на сегашното ниво, но внимателно ќе ги следат сигналите за економските перспективи за остатокот од годината, како и пошироките макроекономски проекции, објавува Блумберг.
Дополнително, инвеститорите ќе ги следат најновите податоци за инфлацијата во Соединетите Американски Држави, кои ќе бидат презентирани во 14:30 часот.