
Европските и американските берзански индекси денеска се главно во пораст, цените на нафтата и пченицата пораснаа, а цените на златото се искачија на нови рекордни височини бидејќи побарувачката во светот за безбедно засолниште капитал расте поради глобалната неизвесност.
Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.498,32 поени, францускиот CAC 40 на 8.151,25 поени, московскиот MOEX на 3.282,95 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.691,05 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 44.627,59 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 6.144,15 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 20.056,25 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта се искачи на 72.255 долари, а на нафтата од типот брент на 76.238 долари, пренесува Танјуг.
Европските фјучерси на гас за март се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 47,175 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.953,85 долари за унца, а на пченицата на 5,9390 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Њујоршката банкарска групација Голдман Сакс прогнозира дека цената на златото може да порасне до 3.100 долари за унца до крајот на 2025 година поради силната побарувачка од централните банки и приливот на средства во ЕТФ за шипки од злато.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04380, што е приближно исто како и во средата.