
Европските берзански индекси денеска главно растат, како и цените на нафтата и на пченицата.
Индексот DAX на берзата во Франкфурт денеска во 10:30 часот порасна на 16.199,75 поени, исто како и францускиот CAC 40 – на 7.280,51 поени и лондонскиот FTSE 100 – на 7.438,00 поени, додека московскиот MOEX падна на 5,861 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 78,736 долари за барел, како и цената на нафтата од типот Брент – на 83,449 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40,465 евра за мегават-час. Цената на златото падна на 2.041,84 долари за унца, додека цената на пченицата порасна на 5,5830 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09381, што е за 0,31 отсто помалку од вчера.











