Европските берзански индекси растат, како и цените на нафтата, златото и пченицата

16

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.757,35 поени, лондонски FTSE 100 на 8.416,27 поени, францускиот CAC 40 на 8.231,53 поени, а московскиот MOEX на 3.446,35 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 79.916 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 84.488 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 30,805 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.368,83 долари за унца, а на пченицата на 6,5135 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07809, што е приближно исто како во четвртокот.