Европските берзански индекси растат, скокнаа и цените на нафтата, златото и пченицата

20

Европските берзански индекси денеска се во пораст, а истовремено поскапеа нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.746,35 поени, лондонски FTSE 100 на 8.436,75 поени, францускиот CAC 40 на 8.178,63 поени, а московскиот MOEX на 3.519,50 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 40.003,59 поени пред денешното отворање на пазарот, S&P 500 на 5.303,27 поени, а вредноста на Nasdaq индексот падна на 16.685,97 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 80.167 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 84.293 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 31.150 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.440,52 долари за унца, а на пченицата на 6,6435 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08761, што е приближно исто како и во петокот.