Европските берзански индекси во пораст: Цените на златото и пченицата растат

45

Европските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:20 часот порасна на 18.723,15 поени, британскиот FTSE 100 на 8.337,54 поени, францускиот CAC 40 на 7.491,44 поени, а московскиот MOEX на 2.753,03 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 41.622,08 поени, S&P 500 на 5.633,09 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот падна на 17.592,13 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 70.562 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 73.052 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 34.100 евра за мегават-час.

Цената на златото се искачи на 2.583,79 долари за унца, а на пченицата на 5,8194 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11165, што е за приближно 0,11 отсто помалку од понеделникот.