Европските берзи пораснаа по остриот пад

11

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна за повеќе од 2 отсто. Утринава лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,20 отсто, на 8.165 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,56 отсто, на 18.106 поени, а париски CAC за 0,60 отсто, на 7.548 поени.

Растот на индексот најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите, откако минатата недела тие нагло паднаа поради политичката неизвесност во Франција.

Имено, францускиот претседател Емануел Макрон распиша вонредни парламентарни избори за крајот на месецот, откако екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен неодамна победи на европските избори.

Некои централни банки, вклучително и европските, неодамна започнаа циклус на намалување на каматните стапки за да ја стимулираат економијата, но бидејќи инфлацијата во светот е сè уште релативно висока, малку е веројатно дека каматните стапки ќе бидат значително намалени оваа година.