
Европските берзански индекси денес се во мал пад, златото и пченицата поскапеа со истовремен пад на цените на нафтата, додека инвеститорите се фокусирани на почетокот на трговските преговори меѓу Кина и Соединетите Американски Држави во Лондон.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека секретарот за финансии на САД, Скот Бесант, и уште двајца претставници на администрацијата на Трамп ќе се сретнат со своите кинески колеги во британската престолнина, објавува CNBC.
Cлаби европски берзи, силно злато – фокус на преговорите во Лондон
Минатата недела, Европската централна банка ги намали каматните стапки за по 25 базични поени и ги намали изгледите за инфлација во 2025 и 2026 година, но објави дека ќе продолжи да одржува претпазлив пристап во монетарната политика и да се потпира на тековните податоци при понатамошно одлучување за каматните стапки.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,35 проценти на 24.208,30 поени денес во 9:30 часот наутро, францускиот CAC 40 за 0,16 проценти на 7.796,37 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,05 проценти на 8.834,50 поени, московскиот MOEX за 0,39 проценти на 2.772,67 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се зголеми за 1,05 проценти на 42.762,87 поени, индексот S&P 500 за 1,03 проценти на 6.000,36 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 1,20 проценти на 19.529,95 поени.
Европските фјучерси за гас за јули беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 36,485 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 64.278 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 66.195 долари. Цената на златото се искачи на 3.323,35 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,5564 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,14259, што е за 0,25 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.