Европските берзи во црвено – инвеститорите внимателни поради геополитика и корпоративни резултати

Европските берзански индекси денес се во пад, цената на златото руши нови рекорди и во еден момент надмина 4.230 долари за унца, додека инвеститорите се фокусирани на најновите податоци за заработката на големите компании како што се „Нестле“ и „АББ“.

Дополнително, пазарите го следат развојот на трговскиот конфликт меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, како и политичката ситуација во Франција, објавува CNBC.

Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,38 проценти на 24.154,02 поени, францускиот CAC 40 за 0,06 проценти на 8.071,89 поени, британскиот FTSE 100 за 0,13 проценти на 9.414,10 поени, московскиот MOEX за 0,56 проценти на 2.531,67 поени.