Европските берзи во пораст поради смирување на тензиите меѓу САД и Кина

Европските берзански индекси денес пораснаа откако трговските тензии меѓу Кина и САД се намалија, бидејќи двете страни сигнализираа подготвеност за продолжување на преговорите.

Во петокот минатата недела, европските и американските индекси паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе многу високи тарифи за Кина како одговор на потегот на Пекинг да воведе дополнителни контроли врз извозот на ретки минерали, објави CNBC.

Инвеститорите денес го насочија своето внимание и кон почетокот на сезоната на објавување на заработките за третиот квартал од 2025 година, при што големите европски фирми, вклучувајќи ги ASML, LVMH и Nestle, треба да ги објават своите деловни резултати оваа недела.