
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, американските индекси се намалуваат, цените на нафтата и златото пораснаа, додека еврото зајакна во однос на американскиот долар, продолжувајќи го трендот од минатата недела.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.758,96 поени, францускиот CAC 40 на 8.100,35 поени, московскиот MOEX на 3.210,89 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.597,94 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 66.261 долари, а на нафтата од типот брент на 69.495 долари.
Европските фјучерси на гас за април на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 41,225 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.905,63 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,43201 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,09002, што е повисока од понеделникот.











