Европските берзи во позитива на почетокот на неделата

Европските берзански индекси денес се претежно во позитива, цената на нафтата од типот Брент надмина 88 долари за барел со истовремен пораст на цените на златото, додека пазарите се подготвуваат оваа недела за објавување на низа економски податоци од Европската Унија и Соединетите Американски Држави кои ќе го одредат понатамошниот расположение на берзите.

Цената на нафтата од типот Брент порасна за 0,14 проценти на 88,653 долари за барел во 10 часот наутро, а американската нафта WTI падна за 0,79 проценти на 81,769 долари.

Германскиот берзански индекс DAX забележа раст од 0,11 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,28 проценти, миланскиот FTSE MIB за 0,46 проценти, францускиот CAC 40 стагнираше, додека московскиот MOEX падна за 0,56 проценти.