Европските берзи во зелено:Инвеститорите здивнаа по вчерашниот остар пад

Европските берзи пораснаа во петокот наутро, надоместувајќи дел од загубите од претходниот ден, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од падот на цените на нафтата.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,8 проценти во 9:15 часот наутро, но сè уште е на пат кон загуби оваа недела од околу 1 процент.

Утрово, лондонскиот индекс FTSE доби 0,45 проценти, на 10.105 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 1,13 проценти, на 23.097 поени, а парискиот CAC се зголеми за 0,81 процент, на 7.875 поени.

Откако вчера потонаа за повеќе од 2 проценти, овие индекси надоместија дел од своите загуби утрово, благодарение на падот на цените на нафтата. Утрово, цената на барелите падна за повеќе од 1,5 проценти на лондонскиот и американскиот пазар. Сепак, бидејќи кризата на Блискиот Исток не се смирува, се очекува неизвесно тргување на берзите до крајот на денот.