
Цените на акциите пораснаа на европските берзи во четврток наутро, бидејќи стравувањата од царинска војна стивнаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат привремен договор за Гренланд.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 1,2 проценти во 9:30 часот наутро, надоместувајќи дел од загубите од претходните три дена.
Во исто време, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,74 проценти, на 10.215 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 1,28 проценти, на 24.870 поени, а парискиот CAC за 1,36 проценти, на 8.180 поени.












