Фото: Pixabay
Европските технолошки компании што “тежат“ милијарда долари бележат поголем раст во однос на нивните колеги од САД, пишува Forbes.
Децении наназад овој тренд владееше меѓу таканаречените еднорози во САД, благодарение на компаниите, како што се Google, Facebook, Amazon и Apple.
Истражувањата покажуваат дека технолошките стартапи основани по 2000 година имаат пораст на вредноста за 28% во текот на 2018 година, додека вредноста на американските еднорози се зголеми за 20%.
На стариот континент лани е основан 21 нов технолошки старт – ап, со што има вкупно 84, додека таа бројка во 2014 година беше само 30.
Проценките покажуваат дека вредноста на системот во којшто се вклучени европските еднорози има вредност од 302 милијарди долари.