Европските и американските банкари се оптимисти: Победата над инфлацијата е блиску, но не треба да се биде еуфоричен

18

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави дека креаторите на политиката почнале да разговараат за повлекување на рестриктивниот став и го истакна добриот напредок кон целите поврзани со намалувањето на инфлацијата.

„Податоците за четвртиот квартал покажаа дека поединечните трошоци за работна сила и профитните маржи растат со побавно темпо, намалувајќи ги стравувањата дека компаниите ја поттикнуваат инфлацијата со пренесување на повисоките трошоци за работна сила преку агресивни зголемувања на цените“, пишува Financial Times.

Шефот на француската централна банка Франсоа Вилерој де Галхау изјави дека намалувањето на каматните стапки е веројатно во април или јуни.

И првиот човек на германската Бундесбанка Јоаким Нагел го коментираше можното намалување и порача дека не треба прерано да се падне во еуфорија.

„Веројатно станува повисоко за да можеме да видиме намалување на каматите пред летниот распуст. Сепак, не треба прерано да паднеме во еуфорија“, заклучи Нагел.