Европските и американските берзански индекси денеска растат, додека златото сè уште се продава за помалку од 2.500 долари за унца.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.954,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.377,09 поени, францускиот CAC 40 на 7.662,90 поени, а московскиот MOEX на 2.570,90 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 41.563,08 поени, S&P 500 на 5.648,40 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.713,62 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 74.022 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77.328 долари, пренесува Танјуг.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 38.840 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.498,86 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3193 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10601, што е приближно исто како и во понеделникот.