
Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата.
Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја објави одлуката за каматните стапки во 14 часот и 15 минути, а многу високи функционери на банката претходно најавија дека каматните стапки најверојатно ќе бидат намалени за 25 базични поени, јавува Си-Ен-Ен (CNBC).
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.692,35 поени, британскиот FTSE 100 на 8.254,75 поени, францускиот CAC 40 на 8.039,61 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.203,0 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.807,33 поени, S&P 500 на 5.354,03 поени, вредноста на Nasdaq индексот на 17.186,38 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 74.666 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 78.859 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 33,385 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.367,37 долари за унца, а на пченицата на 6,4819 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08821, што е приближно исто како и во средата.











