Европските и кинеските производители ги претставуваат своите нови модели на Саемот за автомобили во Париз

Европските и кинеските производители на автомобили претставуваат до 60 нови модели на Саемот за автомобили во Париз, во обид да привлечат клиенти и да ги зајакнат своите пазарни позиции во услови на сè пожестока конкуренција на европскиот пазар.

Околу 20 кинески брендови на автомобили, вклучувајќи ги BYD и Chery, учествуваат на овогодинешниот саем, што е двојно повеќе од претходното издание во 2024 година, објавува Ројтерс.

Кинеските производители се стремат да го зголемат извозот во Европа во услови на ценовна војна на пазарот на електрични возила и намалување на домашната продажба.