Европските индекси бележат благ пораст, цените на златото и пченицата се зголемија

Европските берзи го започнаа новиот трговски месец со благ пораст, како и со зголемување на цените на златото и пченицата.

Трговците очекуваат важни одлуки од централните банки и објавување на деловните резултати оваа недела, објавува  CNBC.

Денес во 9:15 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,72 проценти на 24.128.684 поени, францускиот CAC 40 за 0,09 проценти на 8.128,49 поени, британскиот FTSE 100 за 0,18 проценти на 9.735,00 поени, а московскиот MOEX за 1,35 проценти на 2.566,81 поени.