
Европските и американските берзански индекси денеска се главно во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата, додека пазарите се фокусирани пред се на податоците од Обединетото Кралство.
Февруарската инфлација во Британија падна на 2,8 отсто на годишно ниво, а министерката за финансии на земјата, Рејчел Ривс, пред парламентот во Лондон ќе претстави „пролетна изјава“ за состојбата на британската економија, пишува „Гардијан“.
Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот порасна на 23.110,48 поени, британскиот FTSE 100 на 8.678,95 поени, московскиот MOEX на 3.184,85 поени, додека францускиот CAC 40 падна на 8.096,55 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 42.587,50 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.776,65 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 18.271,86 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта се искачи на 69.103 долари, а на нафтата од типот брент на 73.107 долари.
Европските фјучерси на гас за април се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40.820 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 3.031,13 долари за унца, а на пченицата на 5,4443 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,07901, што е нешто помалку од вторникот.