Европските индекси измешани, цените на нафтата и златото паѓаат, Давос го чека говорот на Трамп

Европските берзански индекси денеска се мешани, цените на нафтата и златото паднаа, додека пазарите и учесниците на Светскиот економски форум во Давос го чекаат обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп преку видео-врска, кое е закажано за 17:00 часот.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 21.297,42 поени, францускиот CAC 40 на 7.845,31 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.543,25 поени, а московскиот MOEX на 2.937,45 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 44.156,73 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 6.086,37 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 20.009,34 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 75.285 долари, а цената на нафтата од типот „брент“ порасна на 78.859 долари.

Европските фјучерси на гас за февруари се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 49.420 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.753,44 долари за унца, а на пченицата на 5,5065 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03989, што е приближно исто како и вчера.