
Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, американските индекси се во пад, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на нафтата и златото.
Индексот DAX на франкфуртската берза се искачи на 20.366,55 поени во 9:25 часот, московскиот MOEX на 2.830,53 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.245,17 поени, а францускиот CAC 40 на 7.486,72 поени.
Според досегашните податоци на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 74.849 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77.548 долари. Европските фјучерси на гас за февруари се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 47,975 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2651,02 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,4065 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03287, што е приближно исто како во вторникот.











