
Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, цените на златото и пченицата паѓаат, како и цената на нафтата од типот „брент“ која се продава за помалку од 82 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.738,75 поени, францускиот CAC 40 на 8.104,59 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 8.362,20 поени, а московски MOEX на 3.423,0 поени.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 34.770 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.363,14 долари за унца, а на пченицата на 6,8685 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08289, што е приближно исто како и во средата.











