
Европските берзански индекси ја започнаа трговската недела малку пониско, при што цената на златото се искачи на повеќе од 3.900 долари за унца, додека неизвесноста во Соединетите Американски Држави околу затворањето на федералната влада продолжи бидејќи републиканците и демократите не успеаја да постигнат договор за финансирање, објавува CNBC.
Веројатноста дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки за 25 поени во октомври сега се проценува на 95 проценти, додека шансите за дополнително намалување во декември се 84 проценти, па инвеститорите ги насочуваат своите средства кон злато за повисоки приноси и бараат безбедно засолниште за капиталот.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,05 проценти на 24.388,69 поени, францускиот CAC 40 за 0,7 проценти на 8.027,35 поени, британскиот FTSE 100 за 0,03 проценти на 9.488,20 поени, а московскиот MOEX за 0,18 проценти на 2.600,58 поени.