Европските индекси паѓаат, цената на златото расте, еврото слабее во однос на доларот

Европските берзански индекси денеска се главно во пад, цените на нафтата и златото благо пораснаа, а еврото ослабе во однос на американскиот долар.

Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот падна на 20.283,00 поени, францускиот CAC 40 на 7.440,06 поени, московскиот MOEX на 2.812,46 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.265,27 поени.

Цената на златото порасна на 2665,49 долари за унца, а на пченицата на 5,3868 долари за бушел (бушел е 27,216 килограми). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03015, што е за приближно 0,24 отсто помалку од средата.

Фото: Pixabay