Европските индекси во минус, цената на златото порасна

19

Европските и американските берзански индекси денеска се „во минус“, индексот Дау Џонс падна за повеќе од 600 поени, додека нафтата „брент“ се продава за 81 долар за барел.

Индексот на Франкфуртската берза DAX падна на 18.522,75 поени, францускиот CAC 40 на 8.051,55 поени, лондонскиот FTSE 100 на 8.275,53 поени, а московскиот MOEX на 3.438,93 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 39.065,26 поени, индексот S&P 500 на 5.267,84 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.736,03 поени, јави Танјуг.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 76.746 долари, а на нафтата од типот брент на 81.277 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 35.390 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.337,95 долари за унца, а цената на пченицата падна на 6,9862 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08122, што е приближно исто како во четвртокот.