Европските индекси во пад, цените на златото и пченицата се зголемија, еврото стабилно во однос на доларот

Европските и американските берзански индекси денес се претежно во пад, златото и пченицата пораснаа во цена заедно со истовремен пад на цените на нафтата, додека инвеститорите ги следат најновите податоци за довербата на потрошувачите во Франција и Германија, како и податоците за регистрациите на автомобили и кредитирањето во Еврозоната.

Швајцарската национална банка ќе објави одлука за монетарната политика, а во Соединетите Американски Држави ќе бидат објавени нови податоци за состојбата на пазарот на трудот и конечни податоци за кварталниот економски раст, објавува CNN.

Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,37 проценти на 23.594,80 поени, францускиот CAC 40 за 0,31 процент на 7.804,25 поени, британскиот FTSE 100 за 0,31 процент на 9.225,75 поени, додека московскиот MOEX порасна за 0,13 проценти на 2.726,73 поени.