Европските одгледувачи на зеленчук стравуваат од трошоците за оранжериите и ладилниците

86

Производителите на зеленчук во Европа размислуваат за стопирање на производството поради финансискиот удар предизвикан од европската енергетска криза, зголемување на трошоците за одгледување во пластеници и складирање во ладилници.
Поскапувањето на струјата и плинот ќе се одрази на земјоделските култури кои во текот на зимата се одгледуваат во загреани оранжерии, како доматите, пиперките и краставиците, но и оние што треба да се чуваат во ладилници, како јаболка, кромид…

Скап гас

„Навистина се прашуваме дали ќе го жнееме она што е на полињата оваа зима“, изјави Лефевр за Ројтерс.

Европските земјоделци предупредуваат на можен недостиг. Очекуваниот удар на производството и скокот на цените може да ги поттикне супермаркетите да набавуваат повеќе земјоделски производи од потоплите земји, како што се Мароко, Турција, Тунис и Египет.

Најголема ставка во трошоците на градинарите во оранжериите е гасот, велат земјоделците. Цените се повеќе од 10 пати повисоки од 2021 година, се жалат во Франција.

„Во наредните недели ќе ја планирам сезоната, но не знам што ќе правам“, рече Бенџамин Симонот-Де Вос, кој одгледува краставици, домати и јагоди јужно од Париз.

„Ако остане вака, нема смисла да се започне уште една година. Тоа е неодржливо“, додаде тој.