
Во третиот квартал од 2025 година, платите во еврозоната се зголемија за три проценти на годишно ниво, со најбавно темпо во последните три години, објави Евростат.
Растот на платите по час во Еврозоната значително забави во споредба со вториот квартал од 2025 година, кога изнесуваше 3,7 проценти на годишно ниво.
Гледајќи ги најголемите економии во еврозоната, годишниот раст на платите значително забави во Германија, од 4,2 проценти во вториот квартал од 2025 година на 3,6 проценти, како и во Франција, од 1,4 проценти на 1,3 проценти, Италија, од 3,4 проценти на 2,4 проценти и Шпанија, од 3,4 проценти на два проценти.
По часови платите најбрзо пораснаа во Бугарија за 12,4 проценти на годишно ниво, Литванија за 9,7 проценти, Хрватска за 9,1 процент и Унгарија за 8,8 проценти.
Во еврозоната, трошоците што не се дел од заработката се зголемија во третиот квартал од 2025 година за четири проценти на годишно ниво, се додава во извештајот на веб-страницата на Евростат.
Станува збор за социјално и здравствено осигурување што го плаќа работодавачот, даноци и придонеси од плата, како и трошоци за обука и стручно усовршување како што се курсеви, семинари и обука на вработените.
Покрај тоа, оваа категорија ги вклучува трошоците за превоз или работен простор и работна опрема, како и трошоците за отказ или отпремнина.











