
Германскиот производител на автомобили БМВ денес предупреди дека неговата мрежа на добавувачи е загрозена од недостиг на ретки земни минерали, поради ограничувањата на нивниот извоз од страна на Кина.
БМВ забележува дека, и покрај недостигот на споменатите елементи, неговите фабрики сè уште работат нормално, објави Ројтерс.
Европското здружение на добавувачи на автомобили (CLEPA) соопшти дека неколку производствени линии во Европа се затворени поради недостиг на ретки елементи, поради кинеските ограничувања.











