Европските вселенски компании бележат раст додека се чека јавната понуда на акции на SpaceX

Акциите на европските компании од вселенскиот и сателитскиот сектор значително пораснаа денес откако SpaceX поднесе барање за IPO.

Инвеститорите очекуваат дека почетната јавна понуда (IPO) на компанијата на милијардерот Илон Маск би можела да стане првата котација на берза во САД на компанија поголема од 1 трилион долари, што ќе ја направи компанијата една од највредните јавно котирани компании во светот, објави Ројтерс.

Акциите на францускиот сателитски оператор Eutelsat пораснаа за 16 проценти, на германскиот производител на сателити OHB за 12 проценти, а на луксембуршката компанија SES за 2,3 проценти.