Евростат: Економијата на еврозоната порасна за 0,2 проценти во третиот квартал, над очекувањата на аналитичарите

Економијата на Еврозоната забележа раст од 0,2 проценти во третиот квартал од 2025 година, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, и покрај стагнацијата во Германија и Италија, објавиевропската статистичка агенција Евростат.

Растот во споредба со претходниот квартал претставува забрзување во споредба со скромните 0,1 процент во вториот квартал, а е и повисок од прогнозираните 0,1 процент што ги очекуваа економистите во анкетата на Ројтерс, објави бриселскиот портал „Еурактив“.

На годишно ниво, економската активност во 20-те земји што го користат еврото порасна за 1,3 проценти, додека пошироката Европска Унија оствари малку посилен раст, 0,3 проценти на квартална основа и 1,5 проценти на годишна основа.