Евростат: Индустриското производство во Европа во март падна за 4,1 отсто

35

Индустриското производство во еврозоната падна за 4,1 отсто во март во однос на февруари, објави денеска Евростат.

Овој пад не е во согласност со претходните очекувања на пазарот кој прогнозираше пад од 2,5 отсто.

Индустриското производство во ЕУ падна за 3,6 отсто во март во однос на февруари.

Според сезонски приспособените податоци, индустриското производство во еврозоната паднало за 4,1 отсто во март во однос на февруари, кога е зголемено за 1,5 отсто, објави Евростат. Во ЕУ е намален за 3,6 отсто, по растот од 1,4 отсто во претходниот месец.

Падот во ЕУ е најголем од почетокот на пандемијата. Еврозоната, пак, забележа поголем пад во јули минатата година, кога производството падна за 4,5 отсто.

Производството на капитални добра паднало најмногу во април во двете области и тоа за 15,4 отсто во еврозоната и за 12,9 отсто во ЕУ. Намалено е и производството на енергија, за 0,9 отсто во еврозоната и еден отсто во ЕУ.

Со зголемено темпо работеа само фабриките на производители на трајни производи за широка потрошувачка, што го зголеми производството за 2,8 отсто во еврозоната и за два отсто во ЕУ.