Евростат: Инфлацијата во еврозоната достигна највисоко ниво од воведувањето на еврото

30

Според Евростат, стапката на инфлација е четири пати повисока од целта на Европската централна банка (ЕЦБ), која се залага за оптимална инфлација од два отсто.

Во март и април растот во еврозоната беше во просек 7,4 отсто, а војната во Украина и острите мерки против короната во Кина дополнително ја зголемија цената на многу производи.

Во мај растот на трошоците на животот најмногу се должи на екстремниот раст на цените на енергенсите кои пораснале за 39,2 отсто во однос на истиот месец лани.
Храната и пијалоците поскапеле во просек за 7,5 отсто во однос на истиот месец лани.

Цените на непреработената храна пораснале за 9,1 отсто, а услугите за 3,5 отсто, објави Дојче веле.

Според Европското биро за статистика, Евростат, стоките и услугите во мај чинат во просек за 8,1 отсто повеќе отколку пред една година.